Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Фер-плеј и многу емоции: Познати победниците од „Денот на спортот“ во Штип
    Домашен микс

    Фер-плеј и многу емоции: Познати победниците од „Денот на спортот“ во Штип

    sasoBy saso24/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Штип е третиот град во кој се одржа „Денот на спортот“, во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Во одлична атмосфера, исполнета со насмевки, младите „симовци“ уживаа во своите омилени спортови.

    Над 1.500 дечиња имаа можност бесплатно да се натпреваруваат во различни дисциплини.

    Најмладите фудбалери и фудбалерки се натпреваруваа во „Coca Cola Cup“, во машка и женска конкуренција. Возбудата растеше во баскет 3х3, каде младите „баскетџии“ покажаа врвни квалитети. Во Штип видовме неизвесни натпревари во одбојка и ракомет, а се навиваше особено гласно за време на атлетските трки. И секако, во центарот на вниманието беше „народна“.

    На отворањето во Штип говор одржа претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, како и градоначалникот на градот, Иван Јорданов.

    Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

    По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит, каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

    Караванот „Денот на спортот“ продолжува во Кочани. Претходно, Плазма Спортските игри за млади имаа големо отворање во Скопје, а се одржаа и во Куманово.

    РЕЗУЛТАТИ – ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ (ШТИП)

    „Coca Cola Cup“ – машка конкуренција

    Манчестер Јунајтед (Пробиштип)

    „Coca Cola Cup“ – женска конкуренција

    Баерн Минхен (Штип)

    Баскет 3×3 машка конкуренција

    Браќа М. (Пробиштип)

    Баскет 3×3 женска конкуренција

    Тим Арена (Штип)

    Одбојка – машка конкуренција

    Весна (Пробиштип)

    Одбојка – женска конкуренција

    Фенербахче (Штип)

    Ракомет – машка конкуренција

    Кил (Штип)

    Ракомет – женска конкуренција

    Шампиони (Штип)

    Народна 2015 годиште

    Реал Мадрид (Штип)

    Народна 2017 годиште

    Пчелки (Штип)

    Атлетика

    Трчање 60 метри 2015 – машка конкуренција

    Бојан Јаников (Штип)

    Трчање 60 метри 2015 – женска конкуренција

    Ника Димкова (Штип)

    Трчање 60 метри 2017 – машка конкуренција

    Никола Ацков (Штип)

    Трчање 60 метри 2017 – женска конкуренција

    Анастасија Мицева (Штип)

    Фудбал 2015

    Рудар (Пробиштип)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.