Освојувачот на фудбалскиот куп на Македонија, ФК Силекс, денеска информираше дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски.
Кратовци потврдија дека тој и во наредната сезона ќе го предводи тимот на Силекс.
„По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето.
Шефот останува – до нови победи!“, напишаа од ФК Силекс.

