Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по победата кај Кристал Палас, се осврна на титулата во Премиер-лигата.
„Тешко е да се опише со зборови. Многу емоции, многу радост, гордост. Постигнавме многу работи за кои мислам дека се од голема вредност“ – рече Артета.
„На крајот, тука сме за да освоиме големи трофеи. Во три наврати малку потфрливме но, мислам дека тоа не мотивираше сите“ – вели тренерот на „топчиите“.

