Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се собра во скопскиот хотел „Хилтон“ во пресрет на пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.
Селекторот Гоце Седлоски вторпат ќе има можност да ги собере своите избраници во уште еден циклус, овојпат од пријателски карактер. На списокот имаше неколку новајлии, а времето за подготовка за двата дуели е само неколку дена.
Репрезентативците кратко ќе тренираат во Скопје. Потоа ќе отпатуваат за Сараево каде ќе го одиграат првиот меч со БиХ кој е закажан за в петок (29 мај), додека натпреварот против Турција се игра следниот понеделник (1 јуни).






Photo: FFM

