Новиот македонски фудбалски шампион, Вардар, денеска потврди дека ги продолжи договорите со двајца репрезентативци. Дарко Велковски и Бобан Николов и следната сезона ќе го носат „црвено-црниот“ дрес.
Според клупската потврда, Дарко Велковски се обврза на уште едногодишна верност кон Вардар, додека Бобан Николов потпиша договор заклучно со јуни 2029 година.

