Кристал Палас и Рајо Валјекано денеска ќе се борат за победничкиот пехар во Конференциската лига на УЕФА. Англичаните и Шпанците битката за трофејот ќе ја имаат вечер од 21.00 часот во германскиот град Лајпциг.
Двата тима ќе атакуваат на првиот голем меѓународен трофеј во нивната историја. Кристал Палас ги елиминираше Зрински (Мостар), АЕК Ларнака, Фиорентина и Шахтјор Донецк. Шпанците откако го прскокнаа првото елиминациско коло, беа подобри од Самсунспор, АЕК Солун и Стразбур.
Мечот Кристал Палас-Рајо Валјекано ќе го суди Маурицио Мариани од Италија Тој е на листата на ФИФА од 2019 година а во елитна категорија на УЕФА влезе во 2024 година.

