Ибрахима Конате, по се изгледа, ќе го напушти Ливерпул. Англискиот клуб не успеа да постигне договор со дефанзивецот за продолжување на договорот, тврди новинарот Бен Џејкобс.
Актуелниот договор на Французинот со „црвените“ важи до крајот на јуни.
Конате игра за Ливерпул од 2021 година. Минатата сезона одигра 36 натпревари од Премиер лигата и постигна еден гол.

