13-годишниот фудбалер Аган Асани, член на младинските категории на Куманово, загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје.
Според официјалните информации од СВР Куманово, на влезот во селото Черкези имало директен судир на патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и електричен тротинет кој го управувал младиот Асани. Тинејџерот им подлегнал на повредите на самото место.
За трагедијата се огласија и од Фудбалската репрезентација на Македонија, од каде изразија длабоко жалење и искрено сочувство до семејството на Асани.

