Катерина Ацевска од денеска го презеде светскиот трон во џиу џицу фајтинг кај сениорите во категорија преку 70 килограми.
Македонката е водечка на ранг-листата на Светската џиу џицу федерација со 1006, 26 бодови, пред Ема Лете од Шведска со 948,75 и Ања Гуерцке од Германија со 700 поени.Зад Ацевска останаа 70 натпреварувачи од 30 држави.
„Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи. Една цела младост..“ – објавија од Македонската џиу џицу федерација.

