Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за новиот договор на Винисиус Жуниор.
Тековниот договор на 25-годишниот крилен напаѓач е со важност до 30 јуни 2027 година.
„Продолжување на договорот со Винисиус? Сè уште има време. Навистина би сакал да остане засекогаш. Тој ги освои последните две титули во Лигата на шампионите за нас и многу добро го разбира клубот. Знаете кој не го сака? Оние кои не навиваат за Реал Мадрид “, рече Перез во интервју за „Ел Паис“.

