Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, потврди дека сака да го напушти тимот во летниот трансфер период.
26-годишниот репрезентативец на Португалија во последната сезона одигра 29 мечеви со ефект од само девет голови и три асистенции. Тој одигра два меча и постигна еден гол во Купот на Италија.
Леао има намера да обезбеди клуб со кој ќе настапува во Лигата на шампионите откако Милан не успеа да се квалификува.

