Македонските репрезентативци денеска од 19.00 часот на стадионот во Истанбул ќе одиграат пријателски натпревар против Турција.
По ремито против БИХ, избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, сега ги очекува нова пресметка со репрезентација која ќе се појави на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
„Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“ – изјави Седлоски. Средбата во Истанбул ќе ја суди Шпанецот, Хосе Луис Монтеро.

