Зоран Стерјев, првиот човек на Еурофарм Пелистер, изрази задоволство од постигнатата соработка со Лино Червар,
„Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со кое што ќе ја трасираме иднината да биде уште поубава, поуспешна, сметам дека изборот на Лино Червар е вистинскиот избор којшто ќе ни помогне на овој пат“ – рече Стерјев.
„Како и за се во животот, така и за оваа работа требаше да се спојат сите коцки и да се усогласиме за наша соработка, на која јас сум исклучително горд и задоволен“ – нагласи Стерјев со напомена дека во тек се преговори со уште две засилувања и дека капитенот Филип Кузмановски и Дејан Манасков имаат отворена понуда да останат.

