Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Во Охрид ќе има рекорден број учесници на Балканското првенство во триатлон
    Домашен микс

    Во Охрид ќе има рекорден број учесници на Балканското првенство во триатлон

    dinoBy dino01/06/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Охрид повторно ќе биде центар на балканскиот триатлон – рекорден број натпреварувачи и 12 држави учеснички на Балканското триатлон првенство 2026

    Охрид повторно ќе стане центар на балканската триатлонска сцена. На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата Бафало ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави.

    Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка посветеност и поддршка од институциите, спортските организации и локалната заедница. Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт и Општина Охрид чија поддршка претставува силна мотивација за спортистите, организаторите и сите љубители на спортот.

    Балканското првенство ќе биде организирано под покровителство на Балканската триатлонска асоцијација (BTA) и ќе вклучува натпревари во Елитни категории, младински категории, возрасни групи, детски трки и тимски штафети.

    Се очекува масовен старт во Елитна категоријата, динамични и неизвесни детски трки, очекуваме голема публика и атмосфера што повторно ќе го претвори Охрид во спортски центар на регионот.

    Во 2019 година, Охрид беше домаќин на незаборавно издание исполнето со силна енергија, исполнети улици, врвна конкуренција и атмосфера што се чувствуваше во секој дел од градот. Оваа година, повторно пишуваме историја.

    Покрај елитните натпреварувачи, организаторите ги повикуваат и рекреативците да станат дел од овој уникатен спортски спектакл.

    Категории за натпреварување:

    • Elite / Сениори – преку World Triathlon Entry System
    • Тимска штафета – преку национални федерации
    • Кадети, Деца 1, Деца 2 и Age group категории – отворени за сите учесници

    Краен рок за пријавување 5 јуни.

    Пријавување за отворените категории е достапно преку официјалната платформа за регистрацијаhttps://triatlon-federacija.trki.mk/mk/events/bta-balkansko-triatlon-prvenstvo

    Охрид повторно ќе живее во ритамот на триатлонот. Ве покануваме да бидете дел од настанот што ги обединува спортот, младите, натпреварувачкиот дух и регионот. Повеќе информации околу дистанците, мапите и сите правила и протоколи на страната на Триатлон Федерација на Македонија https://www.facebook.com/TriathlonMKD

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.