Игра. Емоција. Дружба. Тоа се Плазма спортски игри за млади! Спортскиот караван на Плазма Спортските игри за млади, по Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес, денеска пристигна во својот седми град-домаќин – Кавадарци!
Повеќе стотици млади спортисти се појавија на градскиот плоштад натпреварувајќи се во повеќе дисциплини. Пред присутните се појавија и повеќе спортисти од градот, како амбасадори на игрите. Тука беа кошаркарот Тодор Златев како и фудбалерот Александар Вареловски. Настанот го отвори претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елна Мицковска.

