Луѓето од фудбалскиот состав Милан интензивно бараат решение за клупата откако Макс Алегри си замина на крајот на сезоната.
Според најавите од Италија, Оливер Гласнер, може да добие понуда да се пресели во Милано. Австриецот на 30 јуни ќе биде слободен откако ќе му истече договорот со Кристал Палас.
51-годишникот работеше во германските состави Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург. Во еден период беше и на клупата на австрискиот ЛАСК.

