Петар Станисавовски, млад фудбалер кој бил дел од школата –„Гроздановски“, загина во трагична сообраќајка во индустриската зона до населбата Илинден.
„Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Во овие тешки моменти изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите. Нека му е вечна слава и вечен помен. Почивај во мир, Петар“, соопштија од школата.
Ќе потсетиме дека пред неколку денови и 13-годишниот фудбалер, Аган Асани, член на младинските категории на Куманово, загина во тешка сообраќајна несреќа.

