Македонскиот олимпискиот комитет (МОК) денеска во Скопје го организираше Самитот за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“.
Во рамки на Самитот беше официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива предводена од МОК, која има за цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите.

На самиот настан учествуваа Претседатели и Генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, како и 9 Амбасадори и високи институционални претставници, кои преку две панел-дискусии разговараа за современите предизвици, политики и перспективи на спортската дипломатија.

Посебен момент на конференцијата беше свеченото потпишување на документот за воспоставување на Регионалниот центар за спортска дипломатија, како заедничка иницијатива на олимписките комитети од Западен Балкан.

