Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Прилеп.Овој град беше домаќин и на спортско едукативниот проект „Zero Waste“, натпреварите воCoca Cola Cup 2011, мал фудбал, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017 и атлетика.

Над 700 млади „симовци“ одлично се забавуваа и уживаа во „Денот на спортот“, испишаа новиприказни и создадоа пријателства за цел живот. Спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата за првпат се одржува во Македонија. Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација, Горан Кузманоски заедно со Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика (Сиднеј 2000 година), Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво (Атланта 1996 година) и фудбалерите од СОУ Ристе Ристески Ричко (учестуваа на Европско првенство во Бања Лука), го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.





Дечињата ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицкоска која ја истакна важноста на овој голем настан.„Нема поголемо задоволство за мене кога ќе видам бројни насмевки. Драги деца тука сме поради вас, Плазма Спортските игри за млади овозможуваат бесплатен спорт за секое дете. Се радувам што во Прилеп се сака спортот, бидејќи преку него градиме вистински вредности, толеранција и фер-плеј игра.Би сакала да се заблагодарам на Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој го препозна овој проект и безрезервно ги поддржува спортот и младите, благодарност до Министерството за спорт, до градоначалникот на Општина Прилеп исите мои колеги кои работеа за да овој настан биде успешно реализиран“ – рече Елена Мицковска.


