Охрид од вчера до 7 јуни ќе биде домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд – „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот
Организаторите преку социјалните мрежи порачаа дека настанот прераснал во платформа за промоција на спортот, здравите навики, волонтерството, туризмот и пријателството.
Тадиционалната ноќна трка годинава е посветена на компанијата „Костал Македонија“, по повод јубилејот за десетгодишна соработка.

