Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, доживеа инцидент на првата викенд-трка на легендарната планинска патека – „Ecce Homo Šternberk“ во Чешка која се бодува за Европскиот шампионат на ридски патеки.
По излетување и оштетувањето на „Ферарито“, Иџе преку социјалните мрежи објави дека трката е завршена предвреме а тимот вложува максимални напори автомобилот повторно да биде оспособен за настап на втората трка.
„Завршивме со првата трка со сериозно излетување и удар. Ако успееме да го приспособиме автомобилот за втората трка, се гледаме на старт“, напиша Стефановски,

