Езерскиот град в понеделник ќе биде домаќин на Плазма Спортските игри за млади кои за првпат се одржуваат во Македонија.На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид,Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.
Таму ќе бидат присутни и Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер…и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос. Боксерот Наум Стојаноски како и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона го освои ЕХФ Европскиот Куп.
„Симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна. Охрид е десетиот град домаќин на СИМ по успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола.

