Дејан Недев, 7. Дан, одржа еднодневен карате семинар во Софија. Истиот беше организиран исклучиво за членовите на бугарската репрезентација, кои од 3 до 5 јули ќе настапат на ЕТКФ Европскиот шампионат што ќе се одржи во Софија.
Обуката беше наменета за натпреварувачи, тренери и судии, при што беа објаснети основните принципи и натпреварувачките дисциплини на традиционалното карате. Сите присутни изразија големо задоволство од предавањата и стручниот пристап на Дејан Недев. Организатор на семинарот беше Тони Петров од БФТК.
Во иднина, оваа успешна соработка ќе продолжи со цел понатамошно унапредување на нивото на знаење и развојот на традиционалното карате.

