Машката регионална лига што од сезонава ќе се игра по системот на регуларни кола треба да започне на 23 август и да заврши во почеток на февруари со така наречениот Ф4 турнир.
Десетте екипи од Србија, Црна Гора и Македонија се поделени во две групи и ќе одиграат по 8 кола. Во првата се: Вардар, Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва. Во втората ќе играат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен, и Дубочица.
Првите две екипи од секоја група ќе одат на завршниот фајнал-фор. Дел од натпреварите од домашните првенства во секоја земја ќе се бодуваат за регионалната лига додека не дојде до промени во системот на натпреварување.

