Александер Зверев ја освои првата грен-слем титула откако победи на тенискиот турнир – Ролан Гарос.
29-годишниот Германец во денешното финале го совлада десеттиот носител, Флавио Коболи со 3-2 по сетови 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1 за околу четири часа игра.
Зверев кој ја обезбеди 25-та АТП-титула, е првиот германски тенисер кој освоил гренд слем од 1996 година кога Борис Бекер го подигна трофејот на Отвореното првенство на Австралија.

