Македонските најдобри одбојкари ја забележаа првата победа во новата сезона во Европската лига додека одбојкарките го претрпеа и вториот пораз.
На машкиот турнир кој се реализираше во Струмица, Македонија денеска очекувано го совлада Луксембург со 3-1 и брзо се рехабилитираше по вчерашниот пораз од фаворитот Холандија.
Одбојкарките на собирот во Порто немаа сила да направат изненадување. По вчерашниот убедлив пораз од Унгарија, денеска загубија и од домаќинот Португалија со 3-0.

