Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал уште на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија.
Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв.
Тој беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот пропуштајќи голема можност да се бори за златниот медал.

