Шејн Клајверт , син на поранешниот фудбалер Патрик, ќе му се приклучи на сениорскиот тим на Барселона за претстојната сезона и ќе биде дел од тренинг кампот во Англија.
Клајверт јуниор се гледа како еден од најперспективните играчи на академијата на Каталонците. Тој во април потпиша нов договор кој е валиден до летото 2028 година.
Напаѓачот во претходната сезона за младинскиот тим одигра 22 натпревари во кои постигна два гола и имаше две асистенции.

