Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Тетово. Градот под Шара денеска е домаќин на „Денот на спортот“ кој донесе активности во „Coca Cola Cup, мал фудбал, одбојка, баскет 3х3, народна и атлетика.

Дечињата на отворањето ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицкоска како и Бујар Ибраими, кој е задолжен за училишниот спорт во Тетово. Тие истакнаа дека игрите промовираат спортски дух, вистински вредности, толеранција и пријателство.

Во друштво со најмладите беа и неколку видни спортски личности од Тетово меѓу кои Агим Ибраими (фудбал) и Ивица Хаџи Иљоски – Чајка (одбојка).



