Во одлична организација на клубот Класика Прилеп, пред многубројна публика изминатиот викенд на воениот полигон во Кичево се одржаа вториот и третиот ТСД Авто слалом натпревар со историски возила.

На натпреварот со олдтајмери беа пријавени околу 40тина возачи кои настапуваа преку различни клубови од повеќе градови од Македонија. На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Кичево Д-р Александар Јовановски и пратеникот Ѓорѓија Сајковски, кои ја потврдија заложбата на Владата и Министерство за спорт за решавање на долгогодишниот проблем со другата Автомобилистичка федерација.

Организаторот упати голема благодарност за несебичната поддршка од Општината Кичево и градоначалникот Јовановски, МВР, Територијалната противпожарна единица и Здравствениот дом Кичево како и до спонзорите и покровителите.

