Светското фудбалско првенство ќе започне вечер со пресметката меѓу Мексико и Јужна Африка во Групата А.
Воведниот натпревар ќе стартува од 21:00 часот на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Тоа ќе биде првиот од вкупно 104 мечеви на проширениот турнир со 48 селекции.
Мексико влезе во историјата како прва земја што три пати е домаќин на Мундијал. Во 1970 и 1986 година, тие сами го организираа најголемиот фудбалски настан а сега ги делат правата со САД и Канада.

