Светското првенство во Мексико, САД и Канада, веројатно ќе ги сруши сите рекорди за обложување на едно спортско натпреварување.
Рекордни 48 земји ќе учествуваат на турнирот и ќе одиграат дури 104 натпревари или 40 повеќе отколку во претходниот формат. Се предвидува дека вкупниот износ на облози за Светското првенство ќе достигне 50 милијарди долари.
Таа сумата ќе го надмине рекорд поставен во Катар пред четири години. Тогаш обложувалниците генерираа облози во вредност од околу 35,5 милијарди долари.

