Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е Светски универзитетски шампион
    Домашен микс

    Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е Светски универзитетски шампион

    risteBy riste12/06/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот карате репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија.

    Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион.

    Патот до златото го трасираше со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизираше 5-5. Како второпласиран во групата се пласираше во елиминациската рунда, каде што со убедливи 8-0 го совлада Кабело Заморан Шоте од Шпанија. Во полуфиналето повторно се сретна со Вафа и оствари победа од 8-4 за пласман во финалето.

    Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на шампионатот во Бразилија и најголем успех на македонската експедиција. Претходно, Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите селекција освои бронза.

    Со овој резултат, македонските каратисти уште еднаш ја потврдија својата конкурентност на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт.

    На Светското универзитетско првенство во боречки спортови настапуваат повеќе од 1.500 студенти-спортисти од 46 земји, што го вбројува меѓу најпрестижните и најсилни универзитетски спортски настани во светот.

    Резултати на Вукашин Јовановиќ (-67 кг)

    Групна фаза:
    Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0
    Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0
    Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5

    Осминафинале:
    Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0

    Полуфинале:
    Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4

    Финале:
    Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија) 2-2 (3-2)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.