ФИФА ја потврди одлуката за жолтиот картон на парагвајскиот репрезентативец, Мигел Алмирон, на пресметката со САД.
Тогаш судијата, Дени Макели првично му додели жолт картон на американскиот дефанзивец, Тим Рим, за прекршок врз Алмирон но, тој беше поништен од ВАР откако снимките покажаа дека Парагвајецот всушност симулирал.
Тука беше искористена новата улога на видео-асистентите кои мора да имаат интервенции кај судиите за погрешно доделени жолти картони.

