Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, се огласи по ремито 1-1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство.
„Мораше да победиме. Во одредени моменти од првото полувреме нашиот тим потфрли. Тоа покажува дека не игравме најдобро“ – рече Биелса.
Уругвај во второто коло ќе игра против Зеленортските острови на 22 јуни додека последниот натпревар во групата ќе му биде против Шпанија на 27.

