Франција и Сенегал денеска ќе се сретнат на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси во првиот меч од Групата I на Светското првенство.
Франција го има 17-то учество на Мундијалите и освоено две титули (1998 и 2018). Сенегал игра по четврти пат.
Франција во квалификациите имаше пет победи и едно реми. Постигна 16 голови а прими 4. Сенегал беше убедлив во Африка – седум победи и три реми во 10 натпревари со гол разлика од 22:3.

