Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа потврди дека ќе се пензионира од професионалниот фудбал по Светското првенство.
„Мексиканската репрезентација отсекогаш ми била компас, моја насока и во мојата кариера и во мојот живот. Не можам да ја замислам мојата кариера без националниот тим“ – рече Очоа.
„Бидејќи моето време во репрезентацијата завршува, повеќе не гледам поента во фудбалот. Не гледам причина да продолжам да играм“ – изјави Мексиканецот за ФИФА.

