Шампионот Арсенал е најновиот престижен клуб кој покажа интерес за Игор Тијаго, објавува „Тајмс“. Напаѓачот имаше многу добра сезона за Брентфорд, во која постигна 22 гола.
Веќе имаше информации дека бил мета и на Челзи, Манчестер Јунајтед и Милан.
Тијаго моментално е на Светското првенство со бразилската репрезентација. Таму дури и започна како стартер во првиот натпревар на тимот против Мароко (1:1), но беше остро критикуван за неговите настапи.
„Тајмс“ додава дека Брентфорд го цени на околу 80 милиони евра, а неодамна потпиша договор до 2031 година, што би му го отежнало трансферот.

