Ливерпул успешно го искористи обидот на Њукасл да го потпише Виктор Муњоз од Осасуна и синоќа ја активирал неговата клаузула за откуп. 22-годишниот крилен напаѓач го привлече вниманието на разни клубови низ Европа со своите настапи оваа сезона. Како производ на академиите на Реал Мадрид и Барселона, тој потпиша со Осасуна во летото 2025 година и оттогаш има осум голови во 34 настапи во Ла Лига.
Њукасл беше првиот тим од Премиер лигата што се ангажираше за Муњоз, кој моментално со Шпанија е на Светското првенство, но Ливерпул ги претрка.
„Црвените“ ја активираа откупната клаузула на играчот од 40 милиони евра (34,6 милиони фунти), и ги испратија клупските лекари да му ги извршат медицинските прегледи во тренинг-базата на Шпанија за Светското првенство во Атланта.
Тој ќе стане првото ново засилување во ерата на Андони Ираола, а неговото доаѓање ќе биде клучна точка во тимот. Познато е дека Ливерпул е заинтересиран за засилувања во нападот во овој прозорец по заминувањето на Мохамед Салах и повредата на Ахиловата тетива на Уго Екитике, за која се очекува да го исклучи од околу половина од сезоната 2026/27.

