Селекторот на фудбалерите на Бразил, Карло Анчелоти, планира да направи промени во составот за мечот со Хаити во второто коло во групата „Ц“ на Светскиот шампионат.
Бразилците во воведот одиграа само 1-1 против Мароко и сега ќе мора да одат на полн погодок против аматерите од Хаити.
„Не се освојува Светско првенство во првиот натпревар. Сè уште сум уверен дека тимот ќе биде конкурентен“ – рече италијанскиот стратег.

