Селекторот на репрезентацијата на Еквадор, Себастијан Бекачесе, пред мечот со Германија, изјави, дека ќе поднесе оставка доколку неговата земја не влезе во елиминациите.
„Имаме можност да продолжиме напред и ако работите не се одвиваат како што треба, ќе морам да го напуштам местото што го сакам. Знам дека сè зависи од резултатите“- рече Бекачесе.
Јужноамериканците се трети со само еден бод. Се очекува десетици илјади еквадорски навивачи да присуствуваат на натпреварот со Германија во близина на Њујорк.

