Селекторот на фудбалерите на Англија, Томас Тухел, остана без десниот бек, Рајс Џејмс, кој претрпе повреда на тетивата и можеби ќе го пропушти остатокот од Мундијалот.
Дефанзивецот сигурно нема да игра на денешниот натпревар со Панама во последното коло од групната фаза.
„Гордиот Албион“ се надева дека Џејмс ќе успее да ја санира повредата и ќе се вклучи во финишот на првенството под услов Англија да стигне далеку.

