Репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ, одби да зборува на англиски на задолжителната прес-конференција пред денешниот меч со Гана во последното коло во групната фаза.
Тој преку преведувач, посочи дека „коцкестите“ одиграле многу значајни мечеви во последниве години и дека се подготвени за предизвикот што ги очекува во Филаделфија.
„Треба да го подигнеме нивото на нашата игра. Никогаш не сме направиле толку многу грешки во додавањата“ – вели Перишиќ

