Селекторот на Јордан, Џамал Селами, по поразот од Аргентина со 3-1 и елиминацијата од Мундијалот, вели дека е задоволен од прикажаното на сите мечеви во групата.
„Значајно е што можеме да се вратиме дома со искуството што го стекнавме. Тоа многу ќе ни помогне“ – рече Селами.
„Одигравме три меча и постигнавме голови на сите. Сепак, малите грешки беа многу скапи. Го напуштаме првенството горди на постигнатото“, рече селекторот на Јордан.

