Јужноафриканскиот селектор Уго Брос стана највозрасниот селектор во историјата на Светското првенство кој водел некоја репрезентација во нокаут-фазата. Брос стана најстариот главен тренер со 74 години и 79 дена.
Репрезентацијата на Јужна Африка, под негово водство, вчера беше елиминирана од Канада по поразот од 1:0.
Брос го надмина рекордот на Оскар Табарез, кој го предводеше Уругвај до четвртфиналето на Светското првенство во 2018 година на возраст од 71 година и 125 дена.

