Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, по елиминацијата од Мундијалот, рече дека нема намера да поднесе оставка и дека им останува достапен на челниците од Федерацијата.
„Не сум од луѓето што бегаат од одговорност, тоа е сосема исклучено“ – потенцираше предводникот од клупата на „панцирите“ по сензационалната елиминација од Парагвај по изведувањето на пенали.
Младиот стратег во 2023 година ја презеде селекцијата на Германија.

