Голманот на Германија, Мануел Нојер, се проби на првото место по бројот на настапи на Мундијалите кога станува збор за неговата позиција.
Тој го помина на вечната листа Французинот, Уго Лорис, кој имаше дваесет настапи на светските шампионати. Нојер постави и уште еден рекорд на вчерашниот меч со Парагвај.
Чуварот на мрежата го одигра 23-от натпревар како стартер за Германија со што ги надмина легендите, Лотар Матеус и Мирослав Клосе, кои на 22 средби истрчаа во првите единаесет.

