Селекторот на Парагвај, Густаво Алфаро, вели дека неговите избраници станаа херои откако ја елиминираа моќната Германија по изведувањето на пенали.
„Никогаш не веруваме дека ќе бидеме поразени. Дваесет и шест воини излегоа на теренот и се вратија како легенди“ – рече предводникот на Јужноамериканскиот состав.
„Знаевме дека ќе биде многу тешко, ќе има моменти кога ќе имаме проблеми но, сакавме да останеме фокусирани до крајот и да се бориме“, додаде Алфаро.

