Првиот голгетер на Шпанија на тековниот Мундијал, Микел Ојарзабал, пред мечот со Португалија вели дека фокусот ќе му биде кон дефанзивците на противникот и дека не го интересира играта на Кристијано Роналдо.
„Не треба да се фокусираме само на него. Ако треба да размислувам за одредени играчи, тоа би биле дефанзивците бидејќи ќе се соочам со нив“ – рече напаѓачот кој одговори и на прашањето за најдобра „деветка“ на Мундијалот.
„Не би го нарекол Лионел Меси „девет“ но, сепак би го посочил. Мислам дека има и други играчи на високо ниво“ – рече напаѓачот на „Црвената Фурија“.

