Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, се осврна на победата против Парагвај и пласманот во 1/4 финалето на тековниот Мундијал.
„Знаеме да играме и валкан фудбал. Мислеа дека ќе излеземе на терен во одела и ќе играме господски но, бевме подготвени. Се обидоа така да нè победат но, на крајот ние славевме“ – рече напаѓачот на „Галските петли“.
Мбапе сега има 19 голови на Светските првенства или само еден помалку од Аргентинецот, Лионел Меси.

